Идеално.Мк

Најопуштените кафе барови во Белград

Белград, големиот центар на екс Југославија, е познат по ноќниот живот во европски рамки. За многу посетители ова значи звучна електронска музика, долги забави до утринските часови во бројните дискотеки и познати сплавови и секако финиш со одличниот фаст фуд.
Но тука не е се бас и трепкачи, Белград нуди и одличен избор на мирни места оригинални со својот изглед и атмосфера. Па грабнете ја вашата BusPlus картичка (јавниот превоз е одличен и редовно го користат и младите за излегување) и следете не. Ве водиме во некој од најрелаксираните места за уживање во велеградот.

 

Само пиво

 

Од самото име насетувате дека станува место за пивница, но тука домаќините баш биле буквалисти. Во Само пиво се служи единствено пиво и е место каде што многу пивски ентузијасти уживаат. Сега веќе со новата локација сместени точно во центарот на градот зад познатиот хотел Москва нема потреба многу да го барате. Единствено може да ве збуни надворешниот едноставен индустијалистички изглед и точната локација во склоп на катна гаража. Но токму овој изглед говори за опуштеноста на луѓето кои доаѓаат тука на секогаш преполната голема тераса. Доколку нема место немој да се двоумите да делите место на пренаменетите жардињери. Секако изборот на пиво нема да ве разочара, тука може да пробате преку 100 различни пива од секаде на светот. Ако не знате од каде да почнете побарајте совет од љубезните келнери.

Само пиво Белград

Блазнавац

 

Ова место ќе го препознаете по „мустаќите“ кои ќе ве пречекаат на влезната врата. Тематски бар во познатата центарска населба Дорчол, на улицата Књегиња Љубица, со одлична градина и оригинална декорација. Тука има се: пиво, вино, ракија, храна но и берберски столици, коњска кочија и други интересни реквизити кои се ставени во употреба на барот. Ексцентричниот изглед на Блазнавац изгледа извондредно, толку ќе го засакате што нема да сакате да си одите.

кафе бар Блазнавац Белград

Вила Маска

 

Маска е една и единствена. Лоцирана во престижната населба Врачар е на чекор до препознатливиот за Белград храм Свети Сава. Ова е можеби најдетално декорираниот простор кој ќе го видите. Исполнета со слики и артефакти од сите страни на светот, секое парче мебел изгледа како да е неколку илјади евра. Пробајте да не размислувате за тоа и уживајте во пристапните цени за комбинација на коктел со ручек. Кога ќе видите на улица невообичаена кола целосно прекриена со трева, сте стигнале во Маска.

Маска Београд

Бродич

 

Подобро место за сончево неделно попладне нема да најдете. Бродич, повторно буквално, е стар брод преуреден во кафе бар. Закотвен на брегот на реката Сава од страна и во близина на Белградскиот Саем, нема да биде тешко да го најдете. Е па качете се на палубата, фатете маса и уживате во одличната пица и ладен Пауланер пиво.

Бродич Белград

Кота 70

 

Уште еден сплав од другата страна на Сава, во правец на Блок 45, ќе го најдете лесно ако тргнете кон Сава по улицата која продолжува од трговскиот центар Делта Сити. Овој кеј на реката е исполнет со сплавови кои работат како ресторани и кафе барови, наш избор е кафе барот Кота 70. Дојдете тука приквечер или после работа, нарачајте „даска кобаја“ (даска со четири вида колбаси) и омиленото ваше пиво и уживајте во прекрасната атмосфера на најубавото зајдисонце.

Кота 70 сплав на Сава

Fat Cat паб

 

Кога ќе додете во Земун како да сте дошле во друг град. Овој дел од градот бил под австро-унгарска власт и раликата веднаш ќе ја забележите по специфичната архитектура. Секако најзначајна атракција во овој дел од градот е кулата Гардош, која се наоѓа на врв од ридче кое се издигнува над Земун. Место кое дефинитивно треба да го посетите заради најдобрата глетка на Нови Београд и реката Дунав. Е кога сте веќе тука зад кулата може да седнете да одморите во пабот Fat Cat со маскота дебел мачор. Уживајте во погледот и мирната атмосфера, наш избор беше пченичното полско пиво Љoбковиц (Lobkowicz).

Fat Cat pub Belgrade

Kлуб Ски стаза – најубав поглед на Белград

 

Сместен на ридот Кошутњак во изолиран дел од градот и шумски предел, клубот Ски стаза е одлично место за да одморите од големиот град. Оваа шумска куќичка ви нуди одличен поглед кон градот особено ноќе каде што се гледа осветлен новиот препознатлив мост. Ако сакате романтика ова е правото место каде што треба да ја одведете вашата сакана личност.

Кошутњак Белград
Ски стаза Белград

 

2 thoughts on “Најопуштените кафе барови во Белград

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *