Идеално.Мк

Уникатно доживување во Будимпешта

Будимпешта е неверојатна, а сепак за разлика од останатите европски центри за нешто поевтина. Некој убавината ја споредуваат дури и со Париз и Рим, дури може да си допуштите и луксуз за поевтина цена. Тука навистина има што да видите, во продолжение опис на дел од атракциите кои може да ги видите.

 

Ридот Гелерт

 

Ридот Гелерт е висок 140м и се издига над реката Дунав. Рибарскиот замок е можеби омилената атракција за многумина и со право. За да се искачите може да ја искористите посебната железица, Budavári Sikló, која се издига директно до замоткот. Железницата е шармантен антиквитет која ќе ве однесе од мостот Каин до замокот и назад за само 6€. Глетката од вагонот што се издига над градот е прекрасна, сепак неспоредлива со гледката од замокот.

Будимпешта замокот на рибарите

 

Будимпешта е позната по спа бањите

 

Нема ништо подобро после долга прошетка, како топла бања. Будимпешта е позната по бањите и изборот тука навистина е извондреден. Бањата Рудас, изградена пред 450 години уште во турската ера, е одличен избор и пример како да уживате. Бањата е модернизирана содржи голем базен, надворешен терманлен базен на покривот на зградата, турски бањи, сауни и масажи и велнес понуди. Овде навистина ќе уживате како никаде на друго место.

Рудас спа на покрив

 

Крстарење по Дунав

 

Дунав, како и во други главни градови каде што поминува, ја дефинира Будимпешта. Грандиозноса на градот најубаво може да ја видите крстарејќи со брод по Дунав. Ви се нудат најразлични тури по реката, друи и такви со кои во бродовите имате луксузна понуда на јадења и забава. Дефинитивно нешто што не може да пропуштите додека сте тука.

Будимпешта ноќе

 

Јадете кралски

 

Како што рековме и претходно, најдобриот дел на прошетката низ Будимпешта е што не е прескапа како другите западно европски центри. Тука може да најдете многу добри ресторани каде што ќе може да си дозволите да се третирате како што заслужувате. Да изберете од најубавите јадења на унгарската куња, да уживате во различните курса на порции и добро вино. На линкот ТУКА може да најдете листа на одлични ресторани кој нудат одличен квалитет за релативно ниска цена.

 

Уникатна пинбал колекција

 

Не мора да сте хард кор играч за да ја видите колекцијата на пинбал игри и класични акраде изложени во т.н. Флипермузеј (Budapest’s Flippermuzeum). Секако доколку сте фан на овие игри, тука ќе уживате. Од стари old shcool vintage пинбали до некој од најпознатите игри некогаш направени, овој музеј има се. Но најважно од се е дека не се само експонати, туку може и да играте. Навистина уникатно место кое нема да згрешите ако го посетите.

пинбал музеј во Будимпешта

Ако ви се допаѓа текстот следете не (и лике:) ) на нашата Фејсбук страна Идеално.мк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *