Идеално.Мк

Најопасната патека во светот Caminito del Rey

Кралската Патека, или Caminito del Rey на шпански, е „најопасната патека во светот“ според локалните жители на малото село Ел Чоро (El Chorro), во близина на Малага Шпанија. Патеката е за вистински авантуристи кои бегаат од секојдневното и се во потрага по малку адреналин. Сепак посетителите ќе можат да уживаат во прекрасната природа и незаборавниот поглед од височина од 100м.

caminito del rey river view

Caminito del Rey е изградена од страна на клисурата Хајтанес (Desfiladero de los Gaitanes) на реката Гвадалорхе (Guadalhorce), која на места е широка само 10м. Иако целата должина на патеката е 7,7км, патеката за пешачење од влезната до излезната врата е долга 2,9км, од кој дел е патеката покрај кањонот а дел е шумска патека. Сепак на оваа должина може да додадете дополнително по околку 2км од двата влеза до контролните кабини. За да ја поминете цела оваа должина потребни ќе ви се околку 4 часа.

Caminito del Rey bridge

До неодамна патеката беше затворена за посетители заради страшни несреќи, но шпанската влада ја затвори во 2001 година и инвестираше во реконструкција и безбедносни мерки. Сега по целата должина патеката е прицврстена за клисурата со челична конструкција и сите посетители задолжително морат да носат заштитни шлемови. Дополнително посетите се дозволени само ако условите се поволни.

Во претходните две години по патеката поминале повеќе од 600.000 туристи, што докажува дека сепак безбедноста денес е на високо ниво. Во склоп на локалитетот е и ултра модерниот центар за прием на постетители. Тука може да ги добиете сите потребни информации или да гледате презентација за историјата на патеката.

Неверојатен поглед на Caminito del Rey

Шпанската ривиера секако дека е една од најубавите во светот, но оваа авантура ќе ве натера да заборавите на морето. Авантура која ќе ве направи да се чувствувате посебно, слики кој ќе останат во вашите сеќавања засекогаш. Во продолжение уживајте во неверојатните слики и видеа од кањонот и патеката.