Идеално.Мк

Најевтини градски прошетки во Европа

Патувањата ве прават среќни. Градските прошетки се одличен начин да запознаете нова култура и модерен начин на живеење во една земја. Ако мислите дека финансиите се проблем, во продолжение ви претставуваме најевтини градски прошетки во Европа.

Букурешт

 

Што се однесува до туризмот Букурешт сепак се добро се држи. Тука ќе наидете на неколку предизвици кои можеби нема да ги најдете ни во Париз или Рим, кој со декади се како вкусна храна за туристи. Бидејќи Букурешт е меѓу најевтините главни градови во Европа, нема да ве чини премногу да јадете добро, да спиете добро и секако добар провод. Како за илустрација добар ручек во одличен топ ресторан во центарот на градот може да ве чини помалку од 50€. Секако не заборавајте да ја посетите зградата на парламентот која е толку голема што годишно се плаќаат по 6.000.000€ за сметки за струја и греење.

Букурешт - палата на Парламентот
Преглед на цени:
Такси 1км (регуларна тарифа): 0,31€
Домашно пиво точено: 1,34€
Капучино: 1,67€
Ручек, во евтин ресторан: 5,59€
Шише вино (средна класа во супермаркет): 3,80€

Краков, Полска

 

Краков е навистина многу убав, едно од оние места кои моментално ќе ве маѓепсаат уште во првата минута кога ќе пречекорите на преубавите улици. Maѓепсувачки можеби е претеран збор за некој места, но искрено Краков го заслужува. Ова е третиор најевтин главен град во Европа за посета, и ќе бидете воодушевени без да банкротирате. Краков има еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, Rynek Główny Главен Плоштад, кој е прекрасен за дружење. Еврејската Четврт е исто место кое може да го истражувате, може да ги посетите историските Рудници за сол и Аушвиц, кој вреди да ги видите. Задолжително ручајте барем еднаш во Млечен ресторан.

Краков Полска - најевтини градски прошетки

Такси 1км (регуларна тарифа): 0,46€
Домашно пиво точено 0,5л: 1,60€
Капучино: 1,59€
Ручек, во евтин ресторан: 4,12€
Шише вино (средна класа во супермаркет): 4,54€

 

Будимпешта – најевтини пијалоци

 

Будимпешта ја има целата ароганција и гламур што би ја очекувале од било кој Европски центар, уште ја викаат Париз на истокот. Големи импресивни згради, прекрасен поглед на градот, олични музеи и ресторани… Тоа што го нема се големите цени што се пропратни за останатите Европски градови. Секако доколку сакате да потрошите многу пари има каде. Но доколку сте на тесен буџет Будимпешта може да апсолутно евтина и можеби е најевтин град во Европа каде што може да пиете. Упатете се до бројните пабови каде што може да пиете пиво и вино за едно евро, а во исто време може да доживеете нешто ново и уникатно.

мост во Будимпешта

Такси 1км (регуларна тарифа): 1,44€
Домашно пиво точено 0,5л: 1,24€
Капучино: 1,59€
Ручек, во евтин ресторан: 4,81€
Шише вино (средна класа во супермаркет): 3,85€

WizzAir со директни летови од Скопје

 

Братислава – помалата сестра на Виена 🙂

 

Братислава имаше тешки времиња во изминатиот век па не е позната меѓу туристите и патниците како својот близок сосед Виена. Впрочем Виена и Братислава се најблиски главни градови во светот, и многу евтино може да ја посетите и Виена со воз. Сепак градот во кој беше Нежната Револуција (nežná revolúcia – ненасилна револуција после која мирно се разделија Чешка и Словачка во 1989г.) како да беше предодреден за големи работи. Почнете со пешачка тура низ градот за да научите за фасцинантната историја и да ги видите знаменитостие, како Сината Црква. Упатете се до замокот, дури и да не влегувате внатре за прекрасната глетка на градот.

Братислава Сината Црква

Такси 1км (регуларна тарифа): 0,70€
Домашно пиво точено 0,5л: 1,50€
Капучино: 1,77€
Ручек, во евтин ресторан: 5,00€
Шише вино (средна класа во супермаркет): 5,00€

Линк до напите прошетки во Братислава и Виена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *