Идеално.Мк

5 одлични туристички дестинации од Игра на тронови

За неполна недела започнува омилената серија Игра на тронови. Во чест и да ја подржиме целата еуфорија на фановите ви претставуваме пет конкретни локации на кои е снимана серијата. Овие места се прекрасни и достојни за посета и во вистинскиот живот 🙂

Шкотска

 

Замокот Доун во близина на Стирлинг не е нов на филмските екрани. Веќе го знаете од Монти Пајтон и Светиот Грал и телевизиската серија Туѓинец (Outlander). Вистинските GoT фанови ќе го препознаат замокот уште од првата сезона кога кралот Роберт со целата придружба доаѓа во замокот во Винтерфел. Исто во областа во селото Доун се наоѓа Денстон дестилеријата, каде што може да земете тура и да ги испробате нивните 12 годишни виски пијалоци.

Игра на тронови замок Шкотска

Малта

 

Дел од пејсажите на Малта се прикажани како позадина уште во првата сезона. Мидна, поранешниот главен град на Малта, е искористен за сцените во Кингс Ландинг, додека Портите на Мидна се појавуваат во неколку епизоди. Мостот Мидна, плоштадот Месквита, палатата Вердала исто се појавуваат во сцените. Додека сте во Малта не пропуштајте да ги посетите преисториските храмови, да нуркате во Сината Лагуна и да се изгубите низ уличките во Валета.

Игра на тронови сцена Малта

Хрватска

 

За втората сезона, продуцентите ја нашуштија Малта и сцените од Кингс Ландинг ги снимаа во Дубровник. Не далеку од градот историските Арборетум и Трстено ги уредија како градините од Кингс Ландинг. Бројни други локации во Хрватска исто се искористени за сцените во Карт и Слејверс Беј (Заливот на робовите). Националниот парк Крка беше употребен за шумските сцени во петтата сезона, додека селото Kaštel Gomilica се појави како пристаништето во Бравос. Стариот град во Сплит, изграден од Диоклецијан исто го има во дел од сцените во петтата сезона.

Игра на тронови сцена Хрватска

Што не треба да пропуштите на Далматинскиот брег: Прекрасниот град Задар, чиј микс од античка архитектура и теракота кровови дефинитивно потсеќа на средновековниот изглед на Карт. Посетете го исто Римскиот Форум, средновековната црква Св. Донат и познатата Морска Оргула, склуптура поставена на брегот која испушта звуци на ветрот и морските бранови.

Мароко

 

Ветровит и егзотичен, крајбрежниот град Есауира во Игра на тронови е претставен како Астапор во трета сезона каде Данерија ги ослободува робовите и на стие за прв пат им покажа од каков материјал е направена (Dracaris) 🙂 Некој од сцените во Кингс Ландинг се исто снимени во Медина. Не далеку од тука, реката Онуила и црвената палата од Аит Бен Хадон се претставени како градот Јункаи.
Во реалноста Есауира е познат за сурферите и неговиот опуштен изглед привлекува многу дневни туристи од познатиот Марракеш. Средните температури во Ноември и Декември го прават одлична дестинација за овој дел од годината.

Игра на тронови во Мароко

Шпанија меѓу најубавите локации во Игра на тронови

 

Во петтата сезона историкиот Кралски Алказар во Севлија е трансформиран во палатата во Дорн, домот на Големата Фамилија Мартел (House of Martell). Познатите градини Дворот на Девиците беше одлична замена за Водените Градини во Санспир (House Martell’s Water Gardens of Sunspear). Со над 600 статисти снимена е импресивната битка за Мирен во Андалузискиот град Осуна, на впечатливиот плоштад Plaza de Toros.

Игра на тронови Шпанија

Џирона: Во шестата сезона Дубровник е заменет со Џирона како седиште на Кингс Ландинг, додека катедралата и други историски места се искористени како сцена за замислените градови Олдтаун и Бравос.

Уживајте во новата сезона на Игра на тронови, која кај нас се прикажува на HBO каналот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *