Идеално.Мк

Најубавите и најевтините места за одмор во Септември

Иако не во својот полн сјај навистина да „истерате“ и цел одмор во Септември. Топ сезоната се приближува до својот крај а со тоа доаѓаат и големите попусти на атрактивни туристичи дестинации кои може да ги посетите.

 

Ла Палма, Канарски Острови

 

балкон во Септември, Ла Палма

Недоволната афирмираност на Ла Палма е добивка за буџетот на секој посетител. Не треба да ве излажат популарните Тенерифе, Ланзароте и Гран Канарија, сите дел од Канарските Острови. Ла Палма е најзападниот остров од оваа група и некој сметаат и најубавиот. Сместувањето во малите хостели на Ла Палма почнува од 15€ за ноќевање, додека добар оброк во локалните ресторанчиња може да ви чини само 6€. Посетата на локалните атракции е бесплатна, вклучувајќи го и националниот парк Калдера де Табуриенте (Parque Nacional de la Caldera de Taburiente).

 

Мексико Сити, Мексико

 

Палата на модерна уметност, Мексико

Вредноста на мексичкиот песос е во опаѓање во однос со америчкиот долар, со тоа Централна Америка станува се подостапна со цени. Со средна цена на оброк од 5$, Мексико доживува туристички бум во претходните неколку години. Бројот на евтини хотели и летни резорти се зголемува секоја година и сигурно ќе најдете добра вредност за вашите пари покрај плажите со златни песоци и прекрасни сини лагуни.

 

Tунис

 

теписони Тунис

Тунис во 2015, кој пред тоа важеше за една од најатрактивните туристички дестинации, доживеа трагичен терористички напад на туристи. Сега конечно е повторно отворен за посета. Покрај тоа што избилува со преубави плажи на Медитеранот, во Тунис ви се нуди можност посета на античките наоѓалишта Картагина како и идиличното село на уметникот Сиди Боу Саид.
За љубителите на адреналинот се препорачува сафари по Сахара во траење од 2 или 3 дена кое го открива оној вистинскиот Тунис, животот на Берберите, магијата на пустината и планинските оази пружаат можност јавање на камили и доживување на off road возење со џип.

 

Анталија, Турција

 

Анталија одмор во Септември

Гемот на Медитеранот во просек е меѓу најевтините туристички места во светот. Во Анталија хотелите, со 4 и 5 ѕвезди, обично нудат Се во едно понуди (All Inclusive) со цени и до 50€ од вечер за хотелска соба.

 

Краков, Полска

 

плоштадот во Краков одмор во Септември

Септември е одличен месец за посета на оваа популарна Источно Европска дестинација. Летните гужви веќе ги нема, а времето е сеуште убаво за да го истражувате градот. Хотелите и рестораните во Краков се навистина евтини. Посета на замокот Вавел (Wawel Castle), кој е заштитен од УНЕСКО, чини до 5€. Бункерот на Уметноста е галерија на модерна уметност и цената за посета е околку 3€.

 

Ханија, Грција – позната дестинација за одмор во Септември

 

Ханија, Крит, Грција

Кај нас за Грција навистина не треба некое посебно претставуање за попустите за одмор во Септември. Сепак оваа листа би била некомплетна. Цените на хотелстките и приватните сместувања драстично паѓа после почетокот на учебната година. Вториот по големина град на Крит (после Хераклион) е навистина место каде што може да најдете одлична цена. Ханија е антички град полн со археолошки атракции и превкусна кујна.

 

За дополнителни предлози прегледајте го нашиот претходен натпис за најевтините градски прошетки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *