Идеално.Мк

Полскиот авио превозник ЛОТ со диретен лет Скопје Варшава

Националниот Полски авио превозник ЛОТ воведува директен лет Скопје Варшава од 1 Јуни 2018. Станува збор за еден од најстарите авио превозници, од Јуни воведуваат 12 нови дестинации на Балканот, меѓу кои и нашата престолнина.

ЛОТ Скопје Варшава

Летови од аеродромот „Фредерик Шопен“ во Варшава до скопскиот аеродром ќе има секој ден освен во недела. Во понеделниците, средите и петоците патниците ќе полетуваат од Варшава во 10:35 часот и ќе пристигнуваат во Скопје во 12:40 часот. Повратниот лет за Варшава ќе биде во 13:20 часот. Во вторниците, четвртоците и саботите, летовите од Варшава се во 14:25 часот, а пристигнувањето во Скопје е во 16:30 часот. Заминувањето од Скопје е планирано во 17:10 часот, додека пристигнувањето во Варшава во 19:15 часот. Летовите ќе траат само 2 часа и 5 минути.

 

Цени на летовите Скопје Варшава

 

Билетите за новиот лет Скопје Варшава се веќе во продажба, можат да се купат на нивната официјална страна ТУКА. Цените ќе се движат околку 65-70€ за економската класа од правец, 200€ за премиум класа и 280-300€ за бизнис класата.

Почнувајќи од летната сезона, ќе може да ги користите директните летови до Варшава, од каде може да се поврзат летови до другите аеродроми опслужувани од страна на ЛОТ кои опфаќаат 90 дестинации во широката мрежа на конекции. Редот на летање е планиран на начин што им обезбедува на патниците најпогодна понуда на летови, меѓу другото, за САД: до аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, како и до Торонто во Канада.