Идеално.Мк

Цени наспроти квалитет во центри за скијачки одмор

Скијачки одмор во сезона ретко кога е евтин. Но обично го добивате она за што сте платиле. Патувањата на Алпите и во Северна Америка обично се навистина скапи. Според истражувањата на порталот Exipedia девет дневен одмор чини околку 4000 долари со ски карти и сместување. Сличен одмор на друго место ќе чини 2000 долари, но со добра причина. Одморалиштата кои не се на Алпите или во Северна Америка се помали и обично послабо оценети од посетителитe на страната Skiresort.info. Од податоците на горенаведените сајтови просекот е дека дополнителни $500 ќе ви купат уште 30км должина на ски стаза.

 

Скијачки одмор по светски стандард

 

На врвот на пазарот се вообичаените гламурозни места Вејл и Аспен во Америка, Вербие и Крушвел во Европа. Сепак не ви треба такво гламурозно трошење за сите места за скијачки одмор на Алпите. Кластерот австриски центри Клатенбах, Кицбуел, Шладминг и Мајорхофен чини едвај половина а се наоѓаат на врвот на оцените на посетителите. Француските Серре Шевалие и Канадскиот Монт Тремблант нудат исто добра вредност за дадените пари. Скандинавските скијачи и оние кои сакаат да одат на таму можат да се упатат кон Трасил во Норвешка или Леви во Финска.

инфографик скијачки одмор

Како што може да забележите нашите ски центри се далеку од овие листи на рангирање и тешко можат да се носат со светските центри за скијачки одмор. Сепак од нашата близина, може да забележите дека солидно на оваа листа за квалитет котира популарното за нас Банско во Бугарија, а се наоѓа на дното по цена. Во пропорционална линија со повисока цена за квалитет се наоѓаат и Роса Кутор во Русија и Јасна во Словачка. Секако за оние кои сакаат навистина да уживаат од инфографикот се гледа дека одличен избор би биле и Францускиот Серре Шевалие, Марихофен во Австрија или популарниот Сент Моритц во Швајцарија.

скијачки одмор цени

Се надеваме дека ви помогнавме во изборот за скијање оваа сезона, споделете со вашите пријатели ако ви се допаѓа.