Идеално.Мк

Барселона град на архитектонскиот маг Гауди

Можеби првата асоцијација кога ќе чуете за Шпанија или Каталонија е Барселона. И со право. Градот изобилува со специфична архитектура, различни музеи, прекрасна медитеранска храна, плажа… вистински рај за сите кои сакаат да патуваат. Во продолжение импресиите, згодите и незгодите од нашата посета 🙂 Тука беше невозможно да ви поставиме повеќе слики, кој ќе може да ги видите на нашата фејсбук страна Идеално.мк
Преку 6000 канали 25$  годишно кликни тука:

Како до Барселона

 

За наша среќа со директен лет од Скопје со Визер кој трае околку два часа може да стигнете без да се изложувате на големи трошоци и без губење многу време. Ние бевме во месец Октомври, прекрасен месец за шетање, времето е прекрасно во овој период од годината, и доколку резервирате лет на време може да поминете навистина евтино. Исто во полза оди и фактот дека летот до аеродромот Ел Прат кој е навистина блиску и може да стигнете до градот со воз од јавен превоз. Се на се одлична варијанта за градска прошетка.

Ние откако стигнавме низ коридор на аеродромот се качивме на воз, за кој билети се купуваат на поставени автомати, се упативме до центарот на Барселона. За се што не ви е јасно немојте да се двоумите да ги прашате љубезните Шпанци кој радо ќе ви помогнат.

 

Гауди архитектонскиот маг и неговите дела

 

Барселона со право може да се нарече град на Антони Гауди. Тој со неговата архитектонска генијалност оставил печат на изгледот на градот со своите архитектонски уметнички дела какви што нема да најдете никаде на друго место. Било да ја посетите величенствената катедрала Саграда Фамилија, Каза Батиљо, паркот Гуел или друго, едноставно вашите воздишки нема да престанат. Брзо ќе сватите дека се работи за гениј со одлична визија со неверојатни идеи. Ако се решите да посетувате музеи и да корисите јавен превоз, сериозно треба да размислите да земете Барселона Картичка во која имате вклучен бесплатен јавен превоз, попуст или бесплатен влез во многу музеи и други активности.

 

Саграда Фамилија

 

Врв на Барселона, катедрала која со своите димензии ќе ги промени вашите граници за возможното. Црквата иницијално била доделена на друг архитекта кој се откажал, по што проектот му бил доделен на младиот Гауди кој го посветил животот на ова монументално дело. За големината говори фактот што самиот Гауди проценал дека катедралата ќе се гради триста години. Сто триесет и шест години после почетокот изградбата сеуште трае. Сепак нема да зажалите за времето што ќе го потрошите тука, ќе се воодушевите од неверојатните архитектонски решенија, до прекрасната внатрешност и возбудливиот поглед од врвот на куполата. Со купување на картата резервирате точно време и качување на куполата се доплаќа, кое исто мора да биде во точно време. Затоа внимавајте кога ќе резервирате мора убаво да го испланирате времето. Зависно посетеноста може влезот да е после неколку саати откако ќе купите влезница. За качување на куполите задолжително мора да користите лифт, но за слегување ви препорачуваме да ги користите скалите. Тесните спирални скали ќе ве одведат до мали тераси каде што ќе ја видите можеби најубавата глетка на градот.

Барселона Саграда Фамилија

 

Каза Батиљо

 

За Саграда Фамилија може да зборуваме уште долго, но духот на Гауди ќе видите дека сеуште е присутен на секаде во градот. Каза Батиљо се наоѓа на улицата Passeig de Gràcia која ќе ве одведе до центарот, а и самата изобилува со знаменитости. Прво што ќе ве маѓепса е надворешниот изглед кој е толку нереален со фасадата од мали стакленца изгледа како да е излезена од бајка. Куќата е изградена за фамилијата Батиљо, но подоцна е продадена и сеуште е во приватна сопственост. Сепак куќата е отворена за посетители (влезница околку 20е) и вреди да ја посетите и видите внатрешноста. Прво што паѓа во очи е дека куќата нема ниту еден раб внатре или надвор колку и да звучи невозможно. Целата е изградени од заоблени ѕидови. Но поркај тоа што Гауди се грижел за изгледот, неверојатно колку детали и илузии употребил за подобро светло и практичност на одредени делови од ќуќата. На врвот може да излезите на покривот каде што има повеќе закривени очаци и куполи.

Barcelona Casa Batillo

 

Пала и парк Гуел

 

Палатата Гуел е дизајнирана исто од Антони Гауди за индрустискиот тајкун Еузеби Гуел помеѓу 1886 и 1888 година. Иако надоврешноста е помалку импресивна од Каза Батиљо, внатрешноста и генијалните решенија на Гауди нема да ве изневерат. Нас особено ни се допадна високата главна приемна соба со оргули.

Соработката помеѓу Гауди и семејството Гуел вродило многу плод, така и паркот Гуел е уште еден плод на оваа соработка. Паркот се наоѓа на северо западната страна на градот и ако сте во центарот до таму ви препорачуваме превоз. Искачувањето до врвот води преку стрмна уличка со навидум бескрајно долги ескалатори, каде што на врвот ве чека прекрасен парк со многу зеленило. Тука Гауди направил неверојатен склоп на природата и неговоите волшебни градби. Исто тука се наоѓа музеј посветен на него сместен во неговата поранешна куќа.

Барселона Парк Гуел

 

Барселона град на бескрајни можности

 

Иако голем дел од овој текст посветивме на Гауди и неговите зданија, ако ја посетите Барселона ќе видите дека ништо не е претерано. Сепак градот нуди многу повеќе. Место каде што би останале. Прекрасното  море и медитеранска клима се благодет за сите што живеат таму, но и за тие што ја посетуваат. Ако сакаате да видите нешто поразлично вреди да се спомнат и наутичкиот музеј и музејот на чоколадото или аквариумот кој се наоѓа во центарот на самиот брег. Секако ако сте фан на фудбалскиот клуб Барселона може да го посетите и музејот на клубот или некоја од многубројните фан шопови. Ние го посетивме музејот на чоколадо. Иако не е преголем сепак е интересно место, особено ако одите со вашите деца. Картата за влез претставува чоколадо кое може да го изедете за време на посетата, а на излез може да купите најразлични видови на вкусно чоколадо.

Во центарот на градот исто може да го посетите и музејот на Пикасо, каде што поставките се од почетоците на неговото уметничко творење. Затоа можеби и не бевме премногу импресионирани, како на промер со посетата на музејот на Пикасо во Париз.

Секако дури сте во центарот на градот, никако не пропуштајте да изгубите неколку часа талкајќи низ готската област. Прекрасна област со цркви и стари згради во готски стил. Ако сте во можност посетете ги и Магичните Фонтани, но внимавајте тие се пуштаат само во одредени денови и само по неколку сати. Збир на фонтани распослани на огромна површина, овие фонтани навистина се магични.

Барселона морска храна и сангрија

Поркај уметност и култура, Барселона изобилува и со преубави ресторани, локали за ноќен живот и прекрасна плажа. Додека сте во центарот сигуно ќе прошетате по познатата улица Ла Рамбла, но пред да стигнете таму посете ги некои од многубројните продавници на познати брендови. Во некој од нив навистина може да најдете убави а не прескапи работи. За Барселона може да се зборува со денови но на нашата прошетка мора да и ставиме крај. Се надеваме дека ова беше доволно да ја разбуди вашата љубопитност и да го посетите овој драгоцен камен на Каталонија.